Анкета: Поддршката за Меркел го достигна врвот

Поддршката за германската канцеларка Ангела Меркел го достигна врвот годинава, покажуваат најновите истражувања, пренесува „Танјуг“.

Популарноста на Меркел достигна 50 проценти од анкетираните избирачи и покрај тоа што нејзината политика на отворени врати за мигрантите предизвика отпор кај дел од жителите на Германија.

Нејзиниот политички противник, претставникот на Социјалдемократската партија Зигмар Габриел доби поддршка од 13 отсто од анкетираните.

Популарноста на Меркел порасна за два процентни поени во однос на претходните анкети.

Од друга страна, порастот на популарноста на германската канцеларка не влијаеше на рејтингот на владеачката коалиција која за задржа на 35 отсто од гласовите.

Спроведената анкета се смета за прв изборен тест за Меркел по тешките осум месеци спроведување на нејзината политика на отвореност кон мигрантите поради што загуби дел од политичката поддршка и направи поделби во својата коалиција.

Нејзиниот начин на раководење со мигрантската криза е спротивен со ставовите на дел од партнерите од ЕУ.