Анкета: Поголемиот дел граѓани не прифаќаат промена на името

И кога е во прашање проблемот со името, ставот на испитаниците е ист – 26,3 проценти сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ подобро би се справила со прашањето за името, а 13 отсто веруваат дека тоа е СДСМ. Исто така, 83,7 проценти од граѓаните не би прифатиле промена на името со додавање на географска одредница, со цел да влеземе во ЕУ и НАТО.

Ова го покажуваат резултатите од анкетата на реномираната и угледна агенција за истражување на јавното мислење Брима Галуп.
ps4-chart-79_2-520x284

 

4-chart-79_2-520x409

Довербата за прашањето за името на ВМРО-ДПМНЕ ја доделиле 36,6 проценти од испитаниците кои се од македонска националност, а 13,8 проценти од нив се изјасниле за СДСМ.

ps9-chart-124-520x187

62 проценти од граѓаните не би прифатиле промена на името со додавање на географска одредница, со цел да влеземе во ЕУ и НАТО. 31,3 проценти пак имаат поинаков став, односно би прифатиле промена на името на сметка на влез во ЕУ и НАТО.

 

9-chart-124-520x408

Голем е процентот на испитаниците од македонска националност кои не прифаќаат промена на името со додавање на географска одредница, со цел да влеземе во ЕУ и НАТО – дури 83,7. Само 11,8 отсто се изјасниле дека би прифатиле таква промена на името.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.