четврток, 27 април 2017  |  Вести денес: 56

Анкета: Помалку од половината Италијанци сакаат да останaт во ЕУ

Вкупно 48,8 од анкетираните се против евентуално напуштање на ЕУ, а 29,5 поддржуваат спроведување референдум како во Британија.

italija-1

Последни вести

Помалку од половината Италијанци сакаат државата да остане во Европската унија, а над две третини обвинуваат дека Унијата не помага за решавање на мигрантската криза, се вели во резултати од анкета на институтот Еуриспес.

Вкупно 48,8 од анкетираните се против евентуално напуштање на ЕУ, а 29,5 поддржуваат спроведување референдум како во Британија.

Во анкетата 71,5 отсто Италијанци ја обвинуваат ЕУ дека не помага во решавање на кризата со мигрантите, а 70,2 отсто сметаат дека Брисел им бара да неправедна економска жртва.

За изминатата година, 48,5 отсто анкетирани тврдат дека им се намалила куповната моќ, 77,2 отсто познаваат луѓе на кои платата не им е доволна за да го поминат месецот, а 24,2 отсто се чувствуваат сиромашни.

Најчитани вести