недела, 23 јули 2017  |  Вести денес: 1

Анкета: Расте довербата на граѓаните во Претседателот Иванов

Македонскиот претседател, како што се наведува, бележи тројно зголемен пораст на неговиот рејтинг на отворена листа, според анкетата на ИРИ

ИВАНОВ

Поврзани вести

Претседателот Ѓорге Иванов и институцијата Претседател на Република Македонија и натаму уживаат најголема доверба кај граѓаните на Република Македонија, покажува последната анкета на Меѓународниот републикански институт (ИРИ) спроведена од 4 до 12 март 2017 година, соопшти кабинетот на Иванов.

На прашањето, какво мислење имате за институциите во Република Македонија, 42 проценти од испитаниците се изјасниле позитивно за Претседателот на државата, 37 отсто за македонската влада, додека 33 отсто од испитаниците имаат позитивно мислење за Собранието на Република Македонија.

„Во однос на степенот на доверба кон институциите за сработеното во изминатата година, резултатите од анкетата на ИРИ покажуваат дека најголема доверба од 38 проценти, испитаниците имаат во македонскиот претседател, споредбено со Собранието со 23 отсто, Владата со 29 отсто, локалната власт со доверба од 28 проценти, ДИК со 25 отсто, медиумите и судовите со по 21 проценти. Најниска доверба имаат политичките партии со 16 проценти и Комисијата за спречување на корупција со 15 отсто“, се вели во соопштението од кабинетот на Иванов.

Македонскиот претседател, како што се наведува, бележи тројно зголемен пораст на неговиот рејтинг на отворена листа, според анкетата на ИРИ.

„И на листата на јавни личности во Македонија, претседателот Иванов е со најпозитивно мислење од страна на испитаниците. На прашањето за која од наведените јавни личности имате позитивно мислење, 41 проценти од македонските граѓани го посочуваат претседателот Ѓорге Иванов3, се посочува во соопштението од неговиот кабинет.

Анкетата на ИРИ е спроведена од 4 до 12 март 2017 година на репрезентативен примерок од 1.108 испитаници.

Најчитани вести