АНКЕТА: СДСМ тоне се подлабоко-со црна политика не се доаѓа на власт, порачуваат граѓаните

Со црна политика не се доаѓа на власт, Македонија знае кого да одбере,тоа се докажува веќе 9 години. Делата и проектите го подобруваат животот на граѓаните. Се знае кој ќе издвои победа, оние кои се залагаат за народот и државата. Tреба да се гледа за реализација на проектите, отворање на нови работни места, каде ќе биде македонскиот народ задоволен и ќе има корист од сето тоа.

Ова се дел од пораките на граѓаните кои ги анкетиравме и дел од коментарите на социјалните мрежи по вчерашниот говор на премиерот Никола Груевски во Охрид, од каде порача дека ќе го “победат СДСМ така јако, што нема да се свесни што ги задесило“, пишува Курир.

Груевски рече дека дневната битка со оние на кои којзнае што се може да им падне на памет, тие на крај ќе ја добијат, и тоа по истиот принцип по кој Касиус Клеј ги добиваше мечовите, со нокаут и тоа во ситуација во која противникот мисли дека овој само што не паднал.

-Јас сум во тоа сигурен и воопшто не е тоа прашање на дилема.Мене ми е јасно дека нашата база и нашите поддржувачи чекаат сигнал за да одговорат на сите провокации, на  агресијата, заканите кои доаѓаат од опозицијата. И знам дека едвај чекаат да дадат вмроски одговор, зашто се провокативни заканите од личности кои ако го видат можниот  ВМРОВСКИ одговор таков фитиљ ќе фатат, што и Папуа Нова Гвинеја ќе им се види блиску од што брзо ќе трчаат натаму. Но ние сме мудри и знаеме која ни е крајната цел. Крајна цел не ни се тие, крајната цел ни е стабилна, успешна Македонија! И за таа цел, вреди и да се истрпат овие што на глава ни се качуваат секој ден и во сопствената немоќ и фрустрации пробуваат да не испровоцираат. За Македонија вреди да се истрпи ова, рече Груевски.

И за крај, како што рече Груевски ако ве прашаат овие од СДСМ нешто за денешниот настан, кажете им:

-Дојде Никола Груевски во Охрид и ви порача, ќе ве победиме! Народот е со нас! Ќе ве победиме! Ќе ве победиме така јако, што нема да сте свесни што ви се задесило! И кога победата ќе дојде, нека не се плашат, нема да јадеме живи луѓе како што тие се фалат, ние нема да се светиме, и не се закануваме, како тие што прават или како што многумина сакаат, туку ќе ве погледнеме во очи и ќе ви кажеме ова е наша заедничка држава и ние работиме за неа. ВМРО-ДПМНЕ е вградено во темелите на оваа држава уште од своето основање и наша задача е да ја штитиме Македонија и нашиот народ, и сите граѓани кои живеат во неа, да работиме за доброто на државата и тоа ќе го правиме!, рече Груевски.

Бомбите на Заев го сплотуваат народот да застане зад позитивните политики на Груевски

Ваквиот говор на премиерот Груевски наиде на силна поддршка кај граѓаните, кои порачуваат дека со црна политика не се доаѓа на власт, Македонија знае кого да одбере, а тоа го докажува веќе девет години. „Бомбите“ на Заев не фаќаат корен меѓу народот. Иако лидерот на СДСМ тврдеше дека кога ќе почнат со објавувањето на материјалите од прислушуваните разговори, Груевски за три дена ќе си замине од власта со оставка, сепак, и по повеќе од 20 прес – конференции Македонија се уште го има истиот премиер и истата Влада.

abketa-2

Граѓаните кои ги анкетиравме велат дека народот на изминатите избори покажал и докажал дека партијата која што прави дела и има своја програма ја ма поддршката. Велат дека 500.000 гласови од народот не се малку, но поддршката продолжува и понатаму. Со собирите на граѓаните низ цела Македонија ја гледаме поддршката на народот на Македонија на чија страна е.

-Таканаречените бомби на господинот Заев се повеќе и повеќе го сплотуваат македонското ткиво, македонскиот народ да застане зад позитивните политики на премиерот Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ. Тие политики на Заев, го покажуваat и неговиот рејтинг кој дури е и смешен. Неговите собири низ градовите во Македонија личат како некој куќен совет да се собрал пред зграда , така да верувам дека народот и да има наредни и вонредни парламентарни избори, ќе ја даде поддршката на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски, вели Митко Тасев.

anketa-3

Стојмир Стојанов вели дека на македонскиот народ му е веќе здосадено од бомбите на Заев и тие прислушувани разговори и додава дека треба веќе да се свестат и Заев и СДСМ и сите оние кои што се замешани во оваа работа бидејќи за Македонија и моменталната ситуација е таква што веќе треба да се гледа за проектите, за реализација на проектите, отворање на нови работни места, каде ќе биде македонскиот народ задоволен и ќе има корист од сето тоа.

-Ова негово не води никаде и се повеќе и повеќе треба да се свесни дека нивниот рејтинг опаѓа и само штетно делува за оваа наша држава. Мислам дека судовите веќе треба под итно сето тоа да го решат и да се преземат тие мерки и јас милам дека ова премногу се развлече и премногу го замараат македонскиот народ.  Македонскиот народ веќе прочита и виде дека тоа се снимки кои на никому не му се корисни, нешто монтирано, нешто додадено. Мислам дека тие се обидуваат на секој начин не само на правиот начин, да ја добијат власта. Нека влезат во Парламент, нека се отвори јавна дискусија,а па таму нека бараат и нека докажуваат што е во ред, а што не е во ред. Ова не е правилно и не е добро за Македонскиот народ, вели Стојанов.

anketa-1

Илија Мишев вели дека народот не може да дозволиме да се повтори 2001 година, бидејќи како што нагласува, сето ова сценарио на опозицијата води кон тоа.

-По мое мислење и по гледањето на тие негови бомби јас мислам дека тој губи, не може да добие. Веќе народот е свесен и веќе им е дојдено преку глава од неговите бомби, сечени, лепени. Тоа е најлошото. Ние не можеме да дозволиме да се повтори 2001 година. Макеоднскиот народ треба да знае дека ова води кон тоа, брат со брат да се тепа. А за Заев си има институции, треба институциите да го преземат  и да се прекине со тоа. Системот си работи си има институции кои се за тие работи. Тој што гради и што прави дела народот го прифаќа, а тој што само ќе излаже. Тие не излажаа и во 1994 и во 2002 до 2006, сите фабрики ги затворија, тоа е срамота, вели Мишев.

Во дел од коментарите на социјалните мрежи се вели… Се знае кој ќе издвои победа, оние кои се залагаат за народот и државата, а не оние кои глумат лудило и со измами и лаги сакаат да дојдат на власт… Новите инвестиции и новите работни места се единствениот пат за напредок на Македонија, треба да се продолжи… После толку реализирани проекти, довербата од народот расте, народот е тој што знае на кого да го даде својот глас… Како никогаш порано се градат авотопати, се реконструираат магистрални , регионални и локални патишта. Груевски прави градежна експанзија. Со црна политика не се доаѓа на власт… Тој што работи продолжува да работи и со дела да ја покажува својата посветеност кон народот и татковината… Во ниту еден момент не смееме да дозволиме да подпаднеме на провокациите и глупостите што ги изјавува опозицијата. Само не знам дали се свесни и сериозни колку штета нанесуваат? Жално е ова нивно постапување и не е за простување уште многу децении…

komentari-1 komentari-3 komentari-4

СДСМ нема што да прави, освен да продава илузии- економските аргументи се на страната на власта

Аналитичарите сметаат дека ако СДСМ нема нешто поспектакуларно од ова ќе има само еден надолен тренд. Неодамна новинарот Васко Ефтов коментираше дека СДСМ и Заев немаат што друго да продаваат во моментов, освен илузии дека сигурно победуваат. На иста линија е и професорот Александар Даштевски.

-Во нивните редови постои една паника и раздор, бидејќи се свесни дека не го постигаа резултатот што сакаа да го постигнат. Нивото на интерес паѓа, народот си продолжува да си ја гледа својата работа и оттука е незадоволството во редовите на СДСМ, коментира Даштевски.

Во инвестициите на ОДВ и Костал до крај на годината ќе се вработат над 300 од вкупно 2000 работници,  250 работни места за кичевчани во КСС до крајот на годината, нова англиска инвестиција, интензивни инвестиции во охридската и кичевската болница и болницата Св. Еразмо, нова мерка за плаќање на заостанатите придонеси на рати и со попусти, наскоро повик за изградба и концесија на автопатот Гостивар-Кичево, започнување со градба на затворениот базен во Охрид… беа само дел од пораките кои в од Охрид ги испрати премиерот Груевски.

Кога политичката битка се префрла на економско поле, тогаш аргументите се на страната на владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Во моментов, стапката на невработеност во земјава е на историски најниско ниво од 27,6%, а како невработени се водат 265.370 луѓе. За споредба, во времето на СДСМ е достигнат рекордот. Убедливо највисоки стапки на невработеност се регистрирани во 2003, 2004 и 2005 година. Невработеноста на крајот од 2005 година изнесуваше огромни 37,3%, а без работа биле 323.934 луѓе.

На полето на инвестициите е речиси и невозможно да се направи споредба, бидејќи во времето на СДСМ, слободната економска зона Бунарџик беше празна ливада, а сега таму се оперативни шест фабрики, со уште неколку други во изградба, а кои наскоро ќе ги отворат погоните. Изразено во бројки, најдобра година од аспект на привлечените СДИ во времето на СДСМ била 2004-та со 260,7 милиони евра, додека во времето на ВМРО-ДПМНЕ се 2007 и 2008 со привлечени 506 и 400 милиони евра.

Слично е споредбата и во однос на растот на БДП. Во 2001 година по воениот конфликт беше очекувано да има пад, за потоа благ раст, па сè до најдобрите години на СДСМ, со раст на БДП од 4,6% во 2004 и 4,3% во 2005 година. За споредба, во „златните години“ на ВМРО-ДПМНЕ пред кризата беа генерирани стапки на раст од 5% и 6,1%.

Но, граѓаните и директно на свој грб можат да ја направат споредбата. Просечната плата сега изнесува 21.828 денари, тогаш 13. 518 денари. Просечната пензија е зголемена за 62%, а пензионерите со најниски примања добиваат за цели 76% повеќе пари. Просечната пензија сега изнесува 12.445 денари, а тогаш 7.683 денари.

Социјалната помош е зголемена за 47%, а постојаната парична помош за 46%. Од јуни социјалната помош се зголемува за 10 проценти.

Дополнително, транспортот на граѓаните станува поевтин и поефикасен. За градскиот сообраќај се набавени и веќе сообраќаат нови автобуси, во железницата во тек е набавката на нови патнички вагони. Се гради пругата кон Бугарија, Македонија се гасифицира, се градат три автопати во должина од 132 километри. Ова, според аналитичарите, се факторите поради кои „бомбите“ не одекнуваат како што посакуваат опозиционерите и причината зошто граѓаните се уште бараат од Заев програма и проекти, а не само празни зборови.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.