Свет

Анкета: Се зголемува поддршката за независност на Шкотска

Анкета: Се зголемува поддршката за независност на Шкотска

Резултатите од анкетата покажуваат дека во месец август драстично е зголемена поддршката за независноста на Шкотска.

Истражувањето на јавното мислење на „Сан“ и на „Тајмс“ покажува дека кампањата за независност на Шкотска се искачила на 47 проценти, што е зголемување за четири отсто од средината на август и осум од почетокот на минатиот месец.

Значителна промена на јавното мислење е забележана минатата недела по двете телевизиски дебати.