Анкета: СИРИЗА води со 3,2 отсто пред Нова демократија

Разликата меѓу двете политички сили во Грција, опозициската СИРИЗА и конзервативната Нова деморкатија и натаму се намалува и достигна 3,2 отсто во корист на радикалната левица, покажуваат резултатите од најновата анкета, јавува МИА.

Доколку сега се одржат избори СИРИЗА ќе освои 23,3 отсто од гласовите, додека Нова демократија 20,1 процент, покажуваат резултатите од анкетата, објавени од весникот „Етнос“.

Според истражувањето голем е процентот на граѓаните, кои се уште не одлучиле за кого ќе гласаат.

Триесет и еден процент од испитаниците ја оценуваат како позитивна кандидатурата на Стварос Димас за претседател, 24 отсто ја отфрлаат, а 41 процент немаат мислење.