Анкета: 79 отсто од Словенците се согласуваат да се постави ограда на границата

Се поголем број Словенци се согласуваат за поставување на жичена ограда на границата. Дури 79 проценти од испитаниците на анкетата спроведена меѓу народот се согласуваат Словенија да постави ограда на државната граница со Хрватска, со што и даваат поддршка на одлуката донесена од Владата.

Само 21 процент се против ваквата одлука.

Претседателот на Словенија Борут Пахор по вчерашната средба во хрватската колешка Колинда Гравара Китаровиќ истакна дека мора да се настојува да се спречи создавање на „мигрантски џепови“ во секоја земја, во која би се задржале поголем број на бегалци отколку што таа држава може да згрижи во текот на зимата.

Говорејќи за одлуките на Словенија за мигрантската криза и поставување на огради на границата со Хрватска, Грабар- Китаровиќ нагласила оти ја разбира потребата Словенија да ја заштити својата територија, населението и границата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.