Анкета: ВМРО-ДПМНЕ со најголем број пратеници ако утре би имало парламентарни избори

Според анкетата наИнститутот Димитрија Чуповски доколку утре се одржат парламентарни избори граѓаните најголемата доверба ќе и ја дадат на ВМРО-ДПМНЕ. Во законодавниот дом, партијата на власт би освоила 59 пратенички мандати.

Анкетата беше спроведена со цел да се измери поддршката на граѓаните кон политичките партии.

Според добиените резултати од одговорите на граѓаните на прашањето „Доколку утре се одржат парламентарни избори за која партија би гласале”, а со користење на Донтоновиот модел за пресметка, најголем број на пратенички места ќе освои ВМРО-ДПМНЕ.

mandati-500

Од Институтот Димитрија Чуповски информираат дека во симулативните резултати не се земени во предвид пратеничките мандати од дијаспората.

СДСМ би освоиле 36 пратенички мандати, а во законодавниот дом би влегле и двајца пратеници од ГРОМ.

Анкетата била спроведена телефонски во периодот од 24 до 26 јануари врз репрезетативен примерок од 1530 испитаници со цел да се измери поддршката на граѓаните кон политичките партии.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.