четврток, 8 декември 2016  |  Вести денес: 36

Анкетата на „Брима Галуп“ покажа дека деструкцијата на Заев ѝ одмага на опозицијата

Последната анкета на реномираната и угледна агенција за истражување на јавното мислење, Брима Галуп која ги изработува и истражувањата на јавното мислење за потребите на престижниот американски Интернационален Републикански Институт (ИРИ), покажува дека стратегијата на Заев која се темели на деструкција не и’ помага на опозицијата, туку напротив, и одмогнува, пишува порталот „Курир“.

anketa1-1

Поврзани вести

Последната анкета на реномираната и угледна агенција за истражување на јавното мислење, Брима Галуп која ги изработува и истражувањата на јавното мислење за потребите на престижниот американски Интернационален Републикански Институт (ИРИ), покажува дека стратегијата на Заев која се темели на деструкција не и’ помага на опозицијата, туку напротив, и одмогнува, пишува порталот „Курир“.

Порталот се повикува на изјавите на експертската јавност која е согласна дека деструкцијата на СДСМ е прочитана и таа не само што не носи резултати, туку преставува сериозна пречка и е една од причините за нискиот рејтинг на СДСМ.

Никовски: Нема промени во односот на електоратот кон главните политички партии

Политичкиот аналитичар и поранешен дипломат Ристо Никовски смета дека последните испитувања на јавното мислење покажаа дека нема промени во односот на електоратот кон главните политички партии.

Никовски: Нема промени во односот на електоратот кон главните политички партии

Никовски: Нема промени во односот на електоратот кон главните политички партии

Тоа покажува дека Македонците се мудри и знаат да ценат и дека никој не може да си игра со нив. Меѓутоа мораме да бидеме свесни дека во сето она што ни се случува голема улога има меѓународниот фактор.  Меѓутоа се плашам дека со приближувањето на изборите кои се закажани на 24 април лесно може да бидат подметнати некакви нови анкети кои ќе покажуваат некаков пресврт на електоратот. Мислам дека тоа ќе биде една од опциите, односно една од сопките на кои ќе се наиде. Но тоа ќе покажува еден очајнички обид да се промени да се влијае или да се наметне нешто што не е прифатливо за граѓаните на оваа држава, вели Никовски.

Тој додава дека е оптимист бидејќи сите се свесни дека се работи за државата и дека на следните избори тоа ќе дојде до израз и ќе излеземе од овој хаос кој е резултат на надворешните влијанија,, но и со нагласена улога на домашна политичка партија.

Непосредно пред изборите ќе биде неизбежно, како што имаше и минатиот пат, подметнување на  анкети. Но сметам дека тоа нема да има влијание врз народот. Не може  да си игра со народот, народот знае да цени, ова е мудар народ со кој никој не може да си игра, вели Никовски за КУРИР.

Народот препознава проекти и работа

Експертите сметаат дека народот препознава проекти и работа, а тоа е изразено и во двојната разлика и растечкиот рејтинг на ВМРО-ДПМНЕ според анкетата на Брима Галуп.  Резултатите од последната анкета на Брима Галуп покажуваат огромна поддршка и повеќе од двојна предност на ВМРО-ДПМНЕ спрема СДСМ, односно доколку следната недела се одржат нови парламентарни избори за ВМРО-ДПМНЕ би гласале 36.8%, а за СДСМ повеќе од два пати помалку односно 15.7%.

Овие резултати се кај македонското гласачко тело, но таквата двојна разлика се пресликува и доколку се земе во предвид целосната етничка структура на населението во Република Македонија,односно 25.7% за ВМРО-ДПМНЕ према 13.4% за СДСМ.

Речиси 5 пати повеќе, односно 56.6% од граѓаните сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ би победила доколку се организираат предвремени парламентарни избори на кој би учествувале сите партии, а само 12.4% сметаат дека тоа е СДСМ.

izbori-makedonija-640x446

Дури 47.6% сметаат дека СДСМ се плаши од предвремени парламентарни избори, што може да се доведе во корелација со нивното одбивање да учествуваат на изборите на 24 април. Само 16% сметаат дека тоа е ВМРО-ДПМНЕ.

Кога станува збор за перцепциите, точно пет пати повеќе сметаат дека генерално ВМРО-ДПМНЕ има поголема поддршка од граѓаните и дека ќе победи на изборите, односно 65.1%, за разлика од само 13% кој сметаат дека СДСМ има поголема поддршка.

Според граѓаните убедливо ВМРО-ДПМНЕ е партијата со која државава економски и политички ќе оди напред. Дури 50,8% од граѓаните сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ економски ќе ја води подобро државата напред, односно 50,7% од граѓаните сметаат дека со ВМРО-ДПМНЕ државата ќе оди напред и на политички план, наспроти, 20,1% кој сметаат дека тоа е СДСМ во поглед на економијата односно 21,3% дека државата ќе оди напред со СДСМ на политички план.

Убедливо, двојно повеќе односно 53.6% од граѓаните сметаат дека опозицијата доколку би ја превземала власта би била понедемократска,  за разлика од 26.3% кои сметаат дека би била подемократска.

Најчитани вести