Анкетата на ИРИ само уште една потврда за уназадувањето на СДСМ

Резултатите од анкетата на ИРИ покажуваат дека доколку утре се одржат парламентарни избори во Македонија, довербата на граѓаните повторно ќе ја добие владејачката ВМРО-ДПМНЕ, која бележи раст на рејтингот. За разлика од нивниот, рејтингот на СДСМ се повеќе тоне во сопствената кал.

Социјалдемократите бележат драстичен пад кога станува збор за довербата кај граѓаните, а ова би значело уште помал број на мандати во случај на нови избори.

Според анкетата ВМРО-ДПМНЕ се уште ужива најголема доверба кај граѓаните со 34 отсто, што е за 4 проценти повеќе од минатата анкета, а опозициската СДСМ има доверба кај само 10 отсто од испитаните граѓани.

Анкетата на ИРИ е огледало на тоа каква е политичката состојба во земјава. Истата покажува дека граѓаните знаат да препознаат што е програма и работа, наспроти деструктивноста на СДСМ.

Стратегијата на ВМРО – ДПМНЕ на прецизна програма и политика на отчетнност и транспарентност, постојана будност и повикливост кон потребите на граѓаните се покажа како полн погодок.

Стоејќи цврсто на ставот дека фер кон граѓаните е ветеното пред изборите да се исполни што е можно побрзо, новоформираната Влада по само еден ден  започна со реализација на ветеното. СДСМ пак наместо програма на граѓаните им понуди само празни ветувања.

Дополнителен удар за СДСМ е и делот од анкетата во кој се истражуваше довербата на граѓаните во политичарите.

На прашањето „Во кој политичар имате најголема доверба“, една четвртина од испитаниците одговориле Никола Груевски.  Наспроти неговите 25 отсто, Зоран Заев има доверба кај само 3 отсто од граѓаните кои учествувале во анкетата. Останатите социјалдемократи имаат дури и помал процент- во Црвенковски доверба имаат 2 отсто, а во Шекеринска 1 процент од гласачите.

Експертите велат дека ваквите резултати се последица на драстичните разлики меѓу програмите, пристапот и работата на политичките партии и нивните лидери.

Доц. д-р Иванка Додовска смета дека трендот на континуираниот раст на рејтингот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ во изминативе 8 години се должи пред се на пристапот со кој оваа партија се доближи непосредно до македонскиот електорат.

-Примената на јавните политики кои подразбираат транспарентност, јавност и отчетност, го подобрија угледот и реномето на ВМРО-ДПМНЕ и истата уште во 2005 година според релевантните анкети го најави својот нов нагорен тренд, кој во текот на сите овие години од како ја освои власта во Република Македонија постојано расте. Во споредба со рејтингот на СДСМ, оној на владејачката ВМРО-ДПМНЕ е исто така во континуитет дупло, а некогаш и трикратно поголем, што говори за ставот на мнозинството граѓани на Република Македонија дека тие повеќе не ги прифаќаат конзервираните леви концепти кои го носат товарот на елитистичкото и апсолутистичкото политичко дејствување кое единствено им наметнуваше режим на живеење и ги доведе до работ на комплетна мизерија и во својата суштина ја избриша од демографската карта добро стоечката развиена средна класа во нашата земја. За сметка на оваа застарена демагогија и хипокризија со која и понатаму продолжи политичкото дејствување на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ се одважи и се фокусираше на подобрување на животниот стандард на граѓаните на Република Македонија, собра тим на професионалци кои ги распореди во раководството на сите витални сфери од општественото живеење и му даде шанса на македонскиот граѓанин повторно да заживее еден достоинствен и порелаксиран живот. Сметам дека овие параметри се најконкретните општествени показатели кои го градат високиот рејтинг на ВМРО-ДПМНЕ и од каде оваа владејачка гарнитура ја црпи својата виталност и снагата за идните предизвици. Сумарно речено, потврдата за оваа констатација деновиве дојде и од страната на беспрекорната и независна анкета на реномираниот ИРИ, во која се говори за тоа дека тимот кој изминативе години раководи со Република Македонија на чело со премиерот Никола Груевски ја има формулата која коренспондира со сфаќањата и потребите на македонските граѓани и истата, во континуитет ја докажува и на дело, вели Додовска.

Политичкиот аналитичар Ивица Боцевски смета дека овие резултати се последица на целосно неразумните политики на лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

–  Резултатите од оваа анкета се навистина важни бидејќи за врв пат во историјата откако постои плурализамот во Македонија, СДСМ се наоѓа на третото место. Досега секогаш беше или на првото или на второто. Ова се должи на целосната неразумна политика на нивниот лидер, Зоран Заев, од изборите па се до денес, изјави аналитичарот Ивица Боцевски кој додаде дека ова покажува дека гласачите кои го дале својот глас за СДСМ би сакале да го видат во Собранието.

Аналитичарот Владимир Божиновски вели дека воопшто не е изненаден од резултатите на оваа анкета и дека зголемувањето на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ било очекувано со оглед на случувањата во СДСМ и нивната политика.

–  Не сум изненаден од резултатите на анкетата на ИРИ. ВМРО-ДПМНЕ е во предност во изминативе 8 години и постојано бележи раст на рејтингот. Нивниот рејтинг уште повеќе се зголеми по изборите поради политиките на СДСМ, а поради бојкотот, кој всушност не беше бојкот, туку непризнавање на Парламентот без никаква рационална причина, се очекуваше дополнително зголемување на рејтингот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, вели Божиновски.

Овие резултати се само уште една потврда дека СДСМ не запира со политиката на инает, со што сам „си го копа гробот“, а политиката на бојкот на партијата наместо успех и носи само уназадување. СДСМ не успеа да ја научи лекцијата дека парирање на ваквото ВМРО со кое СДСМ никако не успева да фати чекор, би значело многу работа, нудење на проекти и идеи за развој. Нешто што СДСМ упорно не го прави, 34 наспроти 10 проценти е огромна разлика во рејтингот, што СДСМ не го прави ниту втора партија во државата, туку трета.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.