Анкетите на ИРИ доказ дека граѓаните не биле под притисок за изборите

Реномираниот американски институт ИРИ е најдобар демант за небулозните обвинувања на лидерот на опозициската СДСМ, Зоран Заев. Двете последователни анкети кои ИРИ ги има направено во Македонија минатава година покажуваат дека граѓаните не чувствуваат никаков притисок за изборите.

Според анкетата на ИРИ објавена во септември минатата година, неколку месеци по изборите кои Заев не ги признава и за кои вели дека се “украдени“, 72% од граѓаните сметаа дека немало притисок на избори, 15% сметаа дека имало, односно познавале луѓе кои тврдат дека имало притисок, а само 7% почуствувале личен притисок.

Според најновата анкета на ИРИ објавена пред неколку дена, граѓаните ценат дека ВМРО-ДПМНЕ е најактивна парија помеѓу народот. На прашањето која партија е најактивна во населените места резултатите се следни: ВМРО-ДПМНЕ 52%, СДСМ 7%, ДУИ 16% и  ДПА 5%.

Според анкетата на ИРИ, граѓаните со најголема поддршка на ВМРО-ДПМНЕ и на прашањето која партија најнапорно работи за граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ 32%, СДСМ 9%. Она што е сигурно е дека македонските граѓани имаат најголема доверба во владејачката партија. Затоа со години го даваат мандатот токму на ВМРО-ДПМНЕ.

Зоран Заев ги потценува граѓаните и затоа СДСМ нема доверба од народот.

Еве што друго покажа анкетата на ИРИ

За најзначајните општествени теми, интересно е дека и покрај сите напори на опозицијата за деградирање на владините политики и серијата протести, ВМРО-ДПМНЕ има рекордни два ипол до 3 пати поголема предност пред СДСМ.

На прашањето кој подобро би се справил со корупцијата за ВМРО-ДПМНЕ доверба дале 29% а за СДСМ само 6%. Политиката на ВМРО-ДПМНЕ за прашањето за името ја одобруваат 28% наспроти онаа на СДСМ во која веруваат само 11%.

28% од граѓаните одговориле дека ВМРО-ДПМНЕ води добра политика кон НАТО и ЕУ наспроти СДСМ за кого истото го сметаат 12% од граѓаните. 29% наспроти 9% е предноста на ВМРО-ДПМНЕ кога станува збор за обезбедување на владеењето на правото, а во областа на безбедноста предноста на ВМРО-ДПМНЕ е 33% наспроти 10% за СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ убедливо води и на прашањата од меѓуетнички карактер во сооднос 28% наспроти 6%.
Водство на партијата на Груевски и во водењето на локалната самууправа во сооднос која надминува 3:1, односно 33% за ВМРО-ДПМНЕ наспроти 9% за СДСМ и Заев кој е градоначалник на Струмица

Големо водство на владејачката партија и кај она што најмногу ги интересира граѓаните, решавање на прашањето на невработеноста. Огромни 32% имаат доверба во Груевски и ВМРО-ДПМНЕ наспроти само 9% кои го подржуваат СДСМ.