Анкетите – показател за сигурна победа на ВМРО ДПМНЕ НА 11-ти декември

Дури и сите неопределени гласачи кои излегуваат да гласаат на избори својот глас да го дадат за Социјалдемократите, предноста на ВМРО ДПМНЕ во однос на опозициската партија е толку голема што нема да направи никаква разлика во исходот од гласањето, велат искусни истражувачи на јавното мислење.

„Според анализата  која што ја правев во изминативе изборни циклуси од 1998 година досега бројот на неопределени гласачи кои решаваат да излезат да гласаат се движи од три до пет проценти за сите партии. Така што оној максимум којшто може да излезе и не се определени од кои 20 и повеќе проценти се Албанци отприлика се 90 илјади гласа и сите да се определат и да излезат и да гласаат за СДСМ разликата е толку голема што не може да ја загрози победат на ВМРО ДПМНЕ.  Моите очекувања се дека разликата ќе се движи во рамките на претходните избори разлика од 130 илјади гласа“, вели Владимир Божиновски од Инстутот за политички истражувања – Скопје.

Божиновски вели последните анкети покажуваат бројки кои се константни во изминативе десетина години и според него, тоа се должи на тоа што ВМРО ДПМНЕ очигледно има подобра понуда за граѓаните,  додека СДСМ поради негативната кампања која ја води во изминативе години не успеа да ја зголеми базата на своите поддржувачи и гласачи.

„Граѓаните бараат понуда, а очигледно е ВМРО ДПМНЕ е таа која им нуди подобра понуда, повеќе, а СДСМ не може да излезе сеуште со некоја платформа со којашто ќе се обиде барам да привлече нови гласачи поради тоа тие остануваат на онаа своја база од 300 илјади гласови во изминативе изборни циклуси додека во ВМРО ДПМНЕ се бројките се движат околу 450 до 480 гласачи што преставува една солидна разлика. Би рекол СДСМ се уште нема одговор на она второто прашање од избирачите што ќе понудат тие доколку дојадат на власт и токму затоа мислам дека се рефлектира на самите рејтинзи и затоа мислам дека истото ќе се рефлектира и на изборите закажани за 11-ти декември“, вели Божиновски.

И универзитетскиот професор Александар Даштевски се согласува дека разликата во рејтинзите на политичките партии ја билдаат разликата во настапот на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ кон гласачите. Даштевски вели додека ВМРО ДПМНЕ ветува и реализира најразлични проекти, СДСМ постојано зборува само за негативности – апсења, бркањето од работа и прогони.

„Во изминативе години тие не предложија ниту една мерка во областа на економијата. Дури и вчера на Конгресот работите кои се презентираат не можат да се поврзат со една сериозна програма која ќе им се понуди предизборно на граѓаните. Заев зборуваше за минимална плата, тоа е нешто што ВМРО ДПМНЕ го воведоа и најавија нејзино зголемување“, вели Даштевски додавајќи дека СДСМ доколку сака да ги промени бројките при истражувањата на јавното мислење потребно е даде нови идеи за странски инвестиции, за инвестиции во инфраструктурата, енергетиката, образованието.

Анкетата на Институтот „Павел Шатев“ објавена викендот открива дека 40,4 отсто од граѓаните сметаат дека ВМРО ДПМНЕ би победила на изборите, додека на победа на СДСМ сметаат 15,6 отсто.  Владејачката партија има особена предност и во однос на прашањето кој подобро би ја водел економијата – за 58,9 отсто од испитаниците тоа е ВМРО ДПМНЕ, а за 25,3 отсто е опозициската партија. Според истражувањето на „Павел Шатев“, ставот на мнозинството граѓани е дека ВМРО ДПМНЕ повеќе држи до дадениот збор – 62,7 отсто се со ваков став, додека 19,2 отсто имааат вакво мислење за СДСМ.

Прашани за кого би гласале на претстојните избори 25,9 отсто одговориле за ВМРО ДПМНЕ, 15,7 осто за СДСМ.

Според анкетата, лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски ужива за трипати поголем рејтинг во однос на лидерот на СДСМ, Зоран Заев.