петок, 26 мај 2017  |  Вести денес: 20

За чисти избори: Анкетна комисија за расчистување на скандалот со Фабриката за афери

Според пратениците од владејачката партија Собранието на Република Македонија има обврска да обезбеди услови, да обезбеди чисти избори на 24-ти април 2016 година, а еден од предусловите за чисти избори очигледно е и расчистување на оваа афера со фабрика на фалсификување на лични карти, пасоши, афери и други останати документи.

predlog-budzet-sobranie

Поврзани вести

Според пратениците од владејачката партија Собранието на Република Македонија има обврска да обезбеди услови, да обезбеди чисти избори на 24-ти април 2016 година, а еден од предусловите за чисти избори очигледно е и расчистување на оваа афера со фабрика на фалсификување на лични карти, пасоши, афери и други останати документи.

Пратениците на ВМРО – ДПМНЕ побараа да се формира Анкетна комисија во Собранието на Република Македонија која што ќе се занимава односно ќе го расчистува скандалот со т.н. фабрика за афери. Новоформираната Анкетна комисија ќе ги расчистува скандалите поврзани со фалсификување на лични карти, пасоши, афери и други документи.

Координаторот на пратеничката група, Илија Димовски вчера на пресконференција информира дека пратениците од ВМРО – ДПМНЕ и „Коалицијата за подобра Македонија“ поведува иницијатива за формирање на нова Анкетна комисија во Собранието на Република Македонија.

Сите знаеме дека десетина дена Македонија живее во можеби најголемиот политички скандал кога кај неколку лица беа пронајдени над 120 илјади украдени идентитети на личнности, огромен број на фалсификувани лични карти, голем број на фалсификувани пасоши како од Република Македонија така и очигледно од Република Бугарија и Република Турција, пронајдени се над 70 илјади прислушкувани разговори и цела низа од документи за кои што Јавното обвинителство веќе потврди дека како информации се точни, рече Димовски.

Како што рече, врз база на информацијата дека значајни политички и одговорни лица на функција во Република Македонија биле во контакт, корелација, а можеби и во соработка со оваа група на лица која што фалсификувала лични карти, пасоши, крадела идентитети, чувала кај себе снимени разговори, цениме дека Собранието на Република Македонија има суштинска надлежност да го истражи целиот случај и да изготви документација врз база на која што понатаму ќе се постапува.

Македонија не смее да биде заложник на ниту една мафија која има киднапирано политичка партија

Според пратениците од владејачката партија Собранието на Република Македонија има обврска да обезбеди услови, да обезбеди чисти избори на 24-ти април 2016 година, а еден од предусловите за чисти избори очигледно е и расчистување на оваа афера со фабрика на фалсификување на лични карти, пасоши, афери и други останати документи.

Македонија не смее да биде заложник на ниту една мафија и на ниту една мафија која има киднапирано политичка партија. Република Македонија мора да одржи избори кои што ќе бидат без дамка, а Собранието на Република Македонија мора да пронајде одговори зошто Министерството за внатрешни работи не реагираше на време, зошто министерот Оливер Спасовски бараше да не се брза истрагата за оваа афера и да видиме дали се вистина информациите дека постојат значајни контакти помеѓу осомничените лица за оваа афера со министерот за внатрешни работи и со лидерот на СДСМ, г-динот Зоран Заев, рече Димовски.

Новата Анкетна комисија ќе се формира со идентична одлука како онаа за Комисијата за прислушувањето

Димовски најави дека одлуката која што ќе биде пуштена во процедура 99 отсто истата одлука  што беше донесена за формирање на претходната Анкетна комисија.

Тргнавме од логиката од претходната Анкетна комисија за скандалот со прислушкувањето, онаа која што е блокирана од нејзиниот претседател, партиите имаа усогласен став како да биде формирана, какви надлежности да има комисијата, колку членови да брои, каков да биде соодносот на членовите и како да изгледа финалната работа на таа Анкетна комисија. Нашата одлука за новата Анкетна комисија е целосно иста односно сметаме дека овие прашања се веќе усогласени. Ги предлагаме истите одредби кои што беа одредби предвидени во претходната одлука со мали измени на две-три места кои што се неопходни да се дефинираат во врска со различната тема на работа на оваа Анкетна комисија, рече координаторот на пратеничката група.

Според досега откриеното – Анкетната комисија ќе има полни раце работа

Според првичните информации…

Најчитани вести