За чисти избори: Анкетна комисија за расчистување на скандалот со Фабриката за афери

Според првичните информации Анкетната комисија што ќе се занимава со скандалите на т.н. Фабрика за афери ќе има полни раце работа. Комисијата ќе треба да ги расветли случувањата со фалсификуваните лични карти, пасоши, банкарски сметки…

Покрај големиот број фалсификувани документи во фабриката на Захир Бекири – Чауш и неговиот брат Аднан Сума беа најдени и околу 70.000 снимки од нелегално прислушуваните разговори помеѓу политичари, јавни личности како и други лица што имаат некаква улога во општествениот живот во земјата.

Заев и Бекири во седиштето на СДСМ
Заев и Бекири во седиштето на СДСМ

Најголем дел од 70.000 разговори пронајдени во компјутерите на осомничените за фалсификување лични карти во фолдерот „СДСМ – Заев“ биле снимки од разговори водени меѓу функционери на ДУИ и од останатите албански партии. Од пронајдената конверзација на осомничените со други лица, истрагата утврдила дека освен што преговарале со македонски новинар во Србија за објавување на материјалите, материјалите се продавале.

Јавното обвнителство потврди за снимките Јавното обвинителство – Скопје, ги потврди информациите дека се пронајдени обрасци за фалсификување пасоши, лични карти и швајцарски сметки, но и дека се пронајдени десетици илјади снимки од разговори.

На Основното јавно обвинителство – Скопје, според нивните информации, ќе му требаат најмалку два месеца да ги разгледа и да утврди што се има во материјалите најдени во становите на осомничениот Захир Бекири, каде што беше откриена фабрика за фалсификување лични документи.

Добиени се и првични известувања од овластените лица за содржината на пронајдените податоци во компјутерите во кои меѓу другото се наведува дека постојат и фајлови на десетици илјади телефонски разговори. За содржината и потеклото на разговорите, поради обемноста на материјалот, ќе биде потребен временски период од најмалку два месеца за да утврдиме, изјави заменикот на основниот јавен обвинител на ОЈО Скопје, јавниот обвинител Јован Цветановски.

Иницијативата за формирање на посебна Aнкетна комисија доаѓа во време кога јавноста секој ден добива нови информации за големиот број „услуги“ што ги вршела т.н. фабрика за афери на Чаушот.

Од директен пристап и објавување на текстови во опозициските медиуми, до фалсификување и продавање турски пасоши за оние што имале намера да одат на аџилак.

Заев потврди дека Чауш бил член на СДСМ

Ако се оди по логиката дека претходно во собранието беше формирана посебна Анкетна комисија за случајот со прислушувањето, повеќе од јасна е потребата за формирање на слично вакво тело кое ќе се занимава со мега-скандалот што беше разоткриен во последниот период, а за кој има сознанија дека директно биле вклучени СДСМ, Зоран Заев и партискиот секретар, сега технички назначен министер за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев самиот потврди дека Захир Бекири алијас Чауш бил член на СДСМ.

 Тој е член на СДСМ и тој е сликан во канцеларијата моја во која што работам, рече опозицискиот лидер во интервју за „Топ тема“ на Телма.

zaev-telma-prizna-caush

Го спомнуваат и едно од осомничените лица во овој случај со личните карти. Да дадам одговор и да нема дилеми, јас сум тој заедно со раководството на СДСМ, кој што повеќе од две години, ги повикува сите граѓани кои што поседуваат докази, за криминал, за корупција, за незаконско работење на оваа власт, да го достават тоа. Сум се среќавал со сите луѓе, и сега обвинувањето е зошто Заев со осомничено лице, се сликал, се среќавал или слично. Зошто Заев се сликал со осомничено лице, рече Заев.

На прашањето на новинарката Снежана Лупевска дали осомничениот му давал докази, во контекст на претходно кажаното дека сите лице кои што има да му дадат нешто,  Заев ќе ги прими, опозицискиот лидер вели:

Не би сакал да навлегувам во истрагата, истрагата тоа ќе го открие. Не бегам од одговорите, се плашам да не влијаам на истрагата. Ќе ги дадам сите одговори, тој е член на СДСМ и тој е сликан во канцеларијата моја во која што работам, нема бегање од таа работа, ниту некој се плаши. Јас се гледам со сите луѓе кои што бараат, вели Заев и додава дека голем дел од сопартијците дури и му замерувале за неговата отвореност, транспарентност, разговори со ситe.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.