понеделник, 29 мај 2017  |  Вести денес: 18

Се формира Анкетна комисија за прислушувањето

Во рамки на 78. пленарна седница пратениците треба да гласаат за одлуката за формирање Анкетна комисија за прислушкувањето.

sobranie-500

Поврзани вести

Во Собранието се формира Анкетна комисија за прислушувањето. Во рамки на 78. пленарна седница пратениците треба да гласаат за одлуката за формирање Анкетна комисија за прислушкувањето.

Синоќа одлуката доби зелено светло на собраниската Комисијата за прашања на изборите и именувањата.

Анкетната комисија ќе има 16 членови, осум на предлог на ВМРО-ДПМНЕ,  четворица од СДСМ, двајца од ДУИ, еден од ДПА и еден независен пратеник.

За претседател на анкетната комисија е предложен Петре Шилегов, а за заменик претседател Горан Мисовски.

Според предлогот, членови на комисијата треба да бидат Антонио Милошоски, Силвана Бонева, Крсто Мукоски, Павле Саздов, Димитар Стевананџија, Лилјана Затуроска, Магдалена Манаскова, Владанка Авировиќ, Томислав Тунтев, Васко Ковачевски, Талат Џафери, Ејуп Рустеми, Ернад Фејзула и Роза Топузова-Каревска.

Анкетната комисија се  формира во согласност со Договорот од Пржино за намдинување на политичката криза.

Најчитани вести