Свет

Анонимна дојава за поставени десет бомби ширум Чешка

Анонимна дојава за поставени десет бомби ширум Чешка

Според анонимната дојава бомби се поставени и на железничките станици во Прага и во Пизен, како и во седиштето на градските власти во Пардубица, источна Чешка.

– Анонимно лице по телефон не извести за подметната бомба во Прага на Главната железничка станица и на други места во Чешка -изјави портпаролката на чешката полиција Маркета Јановска.

Полицијата не откри каде евентуално се поставени бомбите, но Чешкото радио јави дека полицијата ја евакуира зградата на градските власти во Пардубица, а Чешките железници ги известија патниците дека на половина час ќе биде затворена железничката станица во Прака, во Пизен, западна Чешка и во Пардубица.