Анонимна закана за гранатирање на Владата

Службите на Владата попладнево во Министерството за внатрешни работи пријавиле анонимна закана за гранатирање на Владата, дознава Република од извори во МВР.

По брза интервенција на Единицата за антитероризам на Министерството за внатрешни работи било утврдено дека се работи за лажна дојава, пишува порталот.

Лицето кое анонимно се јавило е идентификувано и е утврдено дека било под дејство на алкохол.Истото се јавило на телефонскиот број 192 и ја алармирало полицијата дека за 16 минути две ракети ќе ја уништат Владата на Македонија во Скопје.

Полицијата веднаш превземала мерки по што утврдила дека станува збор за 60 годишниот С.Ј од Скопје.При претресот кај него бил пронајден мобилниот телефон од кој се јавил на 192.
Тој во разговор со полицијата изјавил дека сакал да привлече внимание врз себе поради незадоволство за наводна за него спорна одлука на општина Гази Баба.