„Анонимните“ денес ќе го нападнат Израел

Анонимуси го хакираа сајтот на јапонскиот премиер  

„Анонимус“ најави дека во пресрет на Денот на сеќавањето на холокаустот, за денеска најави масовен кибер напад врз израелските министерства и организации.

Антиизраелската операција е наречена „#ОпИзраел“, а како што наведуваат „Анонимните“ ќе биде организиран во знак на протест против политиката на Израел, вклучувајќи ја и таа против Палестинците.

– Натамошните напади врз народот на Газа, кој е преплавен со вашата канализација, тероризиран од страна на вашиот воен апарат и оставен да умре на границата додека чека медицинска помош, повеќе НЕМА да се толерира, се наведува во соопштението на Анонимните.

– Нема да застанеме додека полициската држава не стане слободна држава и Палестина на биде слободна, се додава во соопштението.

На веб страницата во врска со тој напад, друга хакерска група, „АнонГоуст“, постави видео снимка, во која се наведува дека цел ќе биде секоја можна израелска веб страница, со цел да се покаже солидарност со Палестинците.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.