Македонија

Анонимно ќе се пријавуваат изборните нерегуларности на dzm-mioa.mk

Анонимно ќе се пријавуваат изборните нерегуларности на dzm-mioa.mk

– Сите заедно мора да направиме се предвремените парламентарни избори закажани за 11. декември да го отсликаат реалното расположение на граѓаните. За таа цел, цврсто сум решен да ги заштитам вработените во државната и во јавната администрација од притисоците, уцените, заканите што се вршат врз нив. Порачувам на секој кој има намера тоа да го прави, да не се осмели, бидејки  кривично ќе одговара, порача Кирацовски.

Најави дека продолжуваат со личните контакти и комуникацијата преку неговата канцеларија во Министерството за информатичко општество и администрација, како и дека строго ќе биде санкциониран секој кој ќе се дрзне да спроведува тесно партиски интереси преку злоупотреби на вработените.