Свет

„Анонимус“ и објави војна на Исламската држава

„Анонимус“ и објави војна на Исламската држава

Хакерската група „Анонимус“ и објави кибер војна на екстремистичката групација Исламска држава (ИД).

Првата причина за отпочнување операција против ИД, како што појасни маскираниот претставник на хакерската организација преку видео линк, e на јавноста да и се посочи колку всушност e ургентна ситуацијата во Ирак, како и дека таа група не го претставува исламот.

– ИД поголемиот дел од активностите ги спроведува преку социјалните мрежи. Затоа одлучуивме да не ги нападнеме директно, туку да ја нападнеме нiвната идеологија и тоа со објективни и логички аргументи, појасни тој, додавајќи дека целта на „Анонимните“ е на јавноста да и укаже дека тоа се обични криминалци и лажговци, кои ја извитоперуваат својата вера.

– Ги наведовме исламските правила на однесување, кои не подразбираат напади на воени заробеници, ниту напади на министерства и потсетивме дека секој кој не го почитува тие правила треба да биде исклучен од заедницата, изјави претставникот на хакерската групација.

Тој исто така напомена оти „Анонимните“ сметаат дека САД „директно и индиректно придонеле за оваа криза“.

–  Планираме да нападнеме неколку земји, за кои се знае дека финансиски ја поддржуваат ИД, вклучувајќи ги Турција и Саудиска Арабија, рече тој и додаде дека хакерската група веќе ги потсетила тие земји дека доколку продолжат со поддршката ќе мора да ја уништат нивната виртуелна инфраструктура.