четврток, 30 март 2017  |  Вести денес: 0

Повеќе населби утре без струја

без струја

Поврзани вести

Без струја утре од 8 до 15 часот ќе останат корисниците од населбите Јурумлери, Идризово, Казнено-поправниот дом „Идризово“, населбата Дрма, објектите на Мајами, Ана Ком и Маклифт во општина Гази Баба, како и корисниците од селата Кадино и Мралино.

Регионалниот центар за управување со кризи информира дека од 08:15 до 15 часот без електрична енергија ќе бидат објектите на асфалтните бази на Качанички пат, корисниците од селото Долно и Горно Блаце, граничниот премин и терминал во општина Чучер Сандево, дел од корисниците во Волково, лоцирани кон селото Орман, како и корисниците од селата Орман и Никиштани.

Од 08:30 до 14:30 часот струја ќе нема улицата „Благој Страчков“ во општина Центар, од 09 до 14 часот дел од корисниците од улицата „Кленоец“ во општина Карпош, од 09 до 14:30 часот, дел од Старата Скопска Чаршија и дел од Дуќанџик,  од 09:30 до 14:30 часот дел од корисниците од улицата „Партизански одреди“, односно подулици бр.4, 5 и 6, а од 09 до 15 часот делот кај МОБ, „Зегин“ и другите помали објекти во овој реон.

Најчитани вести