Анонимуси: Компанија од Силиконската долина штити интернет страници на ИД

Компанија од Силиконската долина нуди заштита на интернет страници на ИД – Исламска држава од кибер напади, обвини хакерската организација Анонимуси.

Тие тврдат дека „Клауд Флер“ од Силиконската долина и помага на ИД да ја подобри безбедноста и да се одбрани од кибер-напади со забрзување на времето при отворање на страницата. Тоа значи дека доколку Анонимуси се обидат да го нападнат бивниот веб сајт, тие би ги спречиле со помош на технологија, која им ја обезбедила споменатата компанија.

Според неодамна објавен извештај, „Клауд Флер“ е обвинета дека штити 40 интернет страници на кои се наоѓаат терористички линкови, вклучувајќи 37 строго пропагандни.

Анонимуси напишале на Твитер:

Уште еднаш е откриено дека „Клауд Флер“ им дава услуги на происламски интернет страници. Срамно.

Основачот на американската фирма, Метју Принс изјави дека тврдењата на Анонимуси се „анализи од фотелја од страна на деца, кои не треба да се сфатат сериозно“, додавајќи дека неговата компанија нема никаква корист од поддржување на терористичката група.

Инаку, веднаш по терористичките напади во Париз од 13-ти ноември годинава, Анонимуси и објавија војна на Исламска Држава, повеќе за ова на следниот линк.