Анонимуси му објавија војна на Трамп

Анонимуси му објавија војна на Трамп
Анонимуси му објавија војна на Трамп
Хакерската група Анонимуси објави сеопшта војна против претендентот за номинација на Републиканската партија за изборите во САД, Доналд Трамп и ги повика останатите хакери-активисти да се обединат против американскиот милијардер, со тоа што на 1 април ќе ги нападнат сите негови сајтови.

Анонимните на Трамп му објавија војна преку директно обраќање во најнова видео снимка.

– Драг Доналд Трамп, те набљудуваме веќе подолго време и она што го гледаме е мошне вознемирувачко. Го шокираше целиот свет со своите ужасни дела и идеали, вели на снимката еден маскиран хакер.

Тој потоа им се обраќа на хакерите-активисти и граѓани, велејќи: „Ова е повик за оружје. Потребно ни е да ги урнете неговите сајтови, истражете и разоткријте го она што тој не сака јавноста да го знае. Потребно ни е да ја разбиете неговата кампања и да го саботирате неговиот бренд“.

Снимката завршува со порака за Трамп: „Ова не е предупредување, ова е објава на сеопфатна војна“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.