понеделник, 24 април 2017  |  Вести денес: 1

„Anti Aging Center by Promoitalia”: Резултати со кои се гордееме

1

Поврзани вести

Со досегашната работа изградивме бројни пријателства си нашите пациенти кои ни веруваат во потполност и доаѓаат кај нас,не за да го направат тоа што го одлучиле,туку за да им предложиме што треба да се направи на нивното лице и тело.

За да дојдеме до ова ни требаше многу работа и усовршување,многу добри резултати кои станаа наша најдобра реклама.
Некои од тие резултати заслужуваат да ги поделиме со вас.
22

Лифтинг со хијалурон е навистина возможен и дава чудесни резултати

Нашата драга клиентка,која има 42 години,ни се обрати за помош,бидејќи “не може повеќе да ги гледа” длабоките назолабијални брчки кои се протегаат од носот до аголот на усните кои даваа на нејзиното лице уморен и тажен изглед.

Прегледот во потполност го потврди нејзиното доживување на сопственото лице,па и предложивме проблемот да го решиме со надокнадување на волуменот во средишниот дел на лицето,со што би се постигнал лифтинг на долниот дел на лицето,но и ќе ги отстраниме подочниците.

Третманот го почнавме со апликација на ботокс (Dysport) меѓу веѓи за да ги отстраниме брчките во таа регија,но и за да ги подигнеме веѓите и малце да ги “отвориме” очите кои,и ако преубави,не доаѓаа до израз.

Во следниот третман користевме хијалуронски филер за надокнада на волуменот на средниот дел на лицето,понатаму хијалуронски филер за освежување на усните и уште еден филер за отстранување на сенките и брчките од брадата,како и за бришење на триаголникот во аголот на носот.На овој  начин,по потполно нехируршки пат,постигнавме одличен ефект на подмладено лице,при што лицето на нашата клиентка остана исто,препознатливо,но многу посвежо и поведро.Ни беше благодарна,но и тимот на Promoitalia и беше благодарен на неа бидејќи ни веруваше и ни даде потполна слобода во изборот на методите.И се оддолживме со најдобар можен резултат,со најмала можна количина на потрошен материјал.Постигнатиот ефект ќе трае околу 2 години.

3

Еве зошто го сакаме ботоксот

Често викаме дека го обожуваме ботоксот бидејќи со него можат да се постигнат прекрасни резултати на најлесен можен начин.Пример е нашата пациентка (39 години) која ни се пожали на брчките околу очи,кои посебно доаѓаа до израз кога ќе се насмее.

Предлогот беше – ботокс,со оглед на тоа што тие брчки се резултат на работата на мускулите кои се активираат при смеење собирајќи ја кожата која се наоѓа над нив.

Ботоксот го аплициравме за само неколку минути,во регијата која создаваше најмногу проблеми.Немаше траги дека е работено било што и нашата пациентка веднаш се врати на секојдневните активности.

После 14 дена ја замоливме да се врати на контрола како би го виделе резултатот и во таа прилика да направиме фотографија.Ботоксот тогаш го имаше максималното дејство,брчките веќе не се создаваа,а нејзината природна насмевка доаѓаше до полн израз.

Така ќе биде во наредните 6-8 месеци кога третманот може безбедно да се повтори.

4

Кога ништо не помага тука се конците

Ботоксот и хијалуронот се навистина моќни средства за подмладување на лицето,но не се и семоќни.Со годините кожата се повеќе се опушта,па во одреден момент таа почнува да виси и тогаш единствен избор е лифтингот со конци.

Таков беше случајот и со нашата 51 годишна пациентка која ни се обрати за помош бидејќи нејзиното лице веќе не беше нејзино:тонусот на лицето скоро и да не постоеше,овалот беше нејасен,кожата висеше преку виличната коска.И сметаше спуштениот агол на усните бидејќи и даваше тажен изглед,а тоа го нагласуваа длабоките назолабијални брчки.

При изборот на третманот немаше многу опции,всушност лифтингот со конци беше единствено решение.И тоа е направено.

И ако ефектот на лифтинг беше видлив веднаш после завршување на интервенцијата,дури на контролниот преглед,после месец дена,се виде потполниот резултат : аглите на усните беа кренати во нормална положба,марионетните и назолабијалните брчки беа помалце видливи,вратен е волуменот на средното лице и добиен е нов,појасен овал.

Полн ефект на конците ќе се добие после 3 месеци од третманот,а резултатите траат 3-5 години.И она што е најдобро,освен  што го решава проблемот со тонусот на долната третина од лицето,со оваа метода се спречува понатамошното паѓање на кожата и повторното губење на тонусот.

5

Некогаш тоа го можеше хирургијата, а денес го постигнуваат инјекциите со филери

Брадата е главниот дел на профилот,така да,недостатоците на неа,посебно во вид на увлечена брада,можат да го упропастат и најубавото лице.До пред неколку години проблемот со брадата можеше да се реши само по хируршки пат,со период на опоравување кој трае и до три месеци.

Кај нашата млада пациентка овој проблем го решивме со аплицирање на специјален хијалуронски филер,едноставно и безболно,за само 15 минути.Брадата стана порамна и позатегната,со што е поправена хармонијата на целото лице.

Ефектот трае околу година дена,после што овој едноставен третман може да се повтори без никакви компликации.

6

Ние не ги полниме усните туку им даваме свежина и идеален волумен, совршено прилагоден на лицето

Корекцијата на волуменот на усни е една од најбараните процедури во нашиот Центар.Она на што инсистираме е усните да добијат волумен и свежина,но да останат природни и во хармонија со целото лице.

Благодарение на најновите видови на хијалуронски  филери,со нашето искуство и применети техники,тоа е можно да се постигне,така да пациентите можат да бидат сигурни дека нивните усни после интервенцијата ќе останат и понатаму нивни и дека совршено ќе прилегаат на нивното лице.

СЕКОЈ МЕСЕЦ ANTI AGING CENTER BY PROMOITALIA ГИ РАДУВА СВОИТЕ ПАЦИЕНТИ СО ПОПУСТИ НА НЕКОЛКУ ТРЕТМАНИ.ИНФОРМАЦИИТЕ ЗА МОМЕНТАЛНИТЕ АКЦИИ МОЖЕТЕ ДА ГИ ВИДИТЕ НА НАШИОТ САЈТ www.antiagingcenter.mk ИЛИ НА ФЕЈСБУК СТРАНИЦАТА : Anti Aging Center by Promoitalia.

Олгица Стојимировиќ, сопственичка на Anti Aging Center by Promoitalia

Олгица Стојимировиќ, сопственичка на Anti Aging Center by Promoitalia

 

Најчитани вести