Анти-Обама протести во Мајами

Неколку стотици луѓе се собраа во Мајами, каде живее најголемата кубанска заедница во САД, на протести против одлуката на американскиот претседател Барак Обама за нормализација на односите со Куба.

Демонстрантите кои се бегалци од „комунистичкиот остров“ или се потомци на првите бегалци, откако Фидел Кастро ја презеде власта врз овој карибски остров, носеа транспаренти против Обама. Учесниците на протестот го осудуваа решението на американскиот претседател, додека некои од говорниците на импровизираните митинзи го нарекуваа претседателот на САД „предавник“.

Двајцата единствени сенатори од кубанско потекло во американскиот Сенат, републиканецот Марко Рубио и демократот Роберт Фернандез, остро го осудија решението на Белата куќа, тврдејќи дека единствена полза од тоа ќе имаат „само браќата Кастр“ кои 55 години управуваат со Куба.

Сенаторот Рубио смета дека обновата на односите и ослабување на економската блокада нема да помогне за поттикнувањето демократски промени на Куба, туку само ќе ја зацврсне позицијата на Раул Кастро и понатаму да управува со сотровот онака како што неговиот брат Фидел и тој го прават изминатите децении.

Сенаторот Мартинез изјави дека потегот на претседателот Обама значи само „оправдување на бруталноста на кубанската власт“.

Одлуката за нормализација на односите со соседна Куба, претседателот Обама ја оправдаа со потребата од нов пристап кон оваа остраовска држава признавајќи дека досегашната политика нема ефект.

Американско-кубанската спогодба за обнова на билатералните односи ќе придонесе Кубанците во САД да може да им испраќаат повеќе пари на своте роднини и блиски во Куба, од досегашните 500, на две илјади долари за еден квартал. Кубанците сега ќе имаат можност за позасилен интернет и за повеќе врски со САД, за оние што воопшто ја имаат можноста да располагаат со компјутер и да имаат интернет, како и да набавуваат за нив мошне важните и потребни градежни материјали за обнова и изградба на нивните домови, што кубанската држава не може да им ги обезбеди.

Нормализацијата на односите ќе им овозможи на Кубанците повеќе и полесно да патуваат во САД,за да се видат со своите роднини кои побегнале од островот, но тоа не значи дека се укинува и повеќе децениската блокада на Куба. За тоа е потребна одлука на Конгресот на САД,а таму постои силен отпор за едно такво решение.

Конгресмените посебно оние од кубанско потекло, го осудуваат Обама за „попустливост“ кон Кастро и за давање „недопустливи концесии“ за бруталниот режим во Хавана.