Балкан

Антифашистички митинг во Атина

Антифашистички митинг во Атина

Грчки антифашистички движења соопштиле дека ќе оргнизираат протести за да го спречат положувањето заклетва на општинските советници на екстремно десничарската партија „Златна зора“.

Церемонијата на полагање заклетва е планирана за 17 часот и ќе се одржи во атинскиот амфитеатар.

Локалните власти стравуваат и од присуството на церемонијата на притворениот член на „Златна зора“, Илиас Касидиарис, кој од затворските власти добил одобрение да учествува на церемонијата.

Слични одобренија им биле дадени и на други двајца активисти на „Златна зора“ – Панајотис Илиопулос, кој е избран за регионален општински советник во областа Тесалија, и на Никос Кузилос, кој е избран за општински советник во Пиреја.

На вчерашната церемонија на стапување на должност градоначалникот на Солун во знак на протест против фашизмот на својот ревер од палтото ја закачи жолтата Давидова ѕвезда, истата што ја носеле евреите за време на Втората светска војна.

Јанис Бутарис (72), кој беше реизбран на должноста градоначалник на Солун, значката ја ставил на реверот од палтото во знак на протест поради присуството на церемонијата на неговиот опонент на изборите од редовите на „Златна зора“. Бутарис го освои својот втор мандат на локалните избори во мај со поддршката на 58,1 отсто од гласовите на избирачите.

За време на церемонијата во свечената сала на општината во Солун левичарски активисти разменија навреди со поддржувачите на „Златна зора“.