Антиќ: Не можев да ја одбијам понудата на Обрадовиќ

Антиќ: Не можев да ја одбијам понудата на Обрадовиќ

Македонскиот кошаркарски интернационалец Перо Антиќ го потпиша договорот со својот нов клуб турскиот Фенербахче.

Како и што беше најавено крилниот центар беше претставен како голема ѕвезда, односно како играч кој веќе има две титули европски шампион (двете со Олимпијакос) и кошаркар кој доаѓа од најсилната кошаркарска лига на светот НБА лигата каде две сезони го носеше дресот на Атланта.

– Сакам да играм во екипи кои имаат високи цели и имаат амбиции да освојуваат титули. Поканата од тренерот Жељко Обрадовиќ стигна во вистинско време, а тоа беше тоа што го посакував и едноставно не можев да одбијам. Исто така, близината на Истанбул до Скопје е важен фактор за моето враќање од САД, изјави Антиќ на денешната прес- конференција.

Во екипата на Фенребахче Антиќ ќе го носи дресот со број 12.

Извор: Курир.мк

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.