Спорт

Антиќ го пропушта мечот со Црвена звезда

Антиќ го пропушта мечот со Црвена звезда

Перо Антиќ продолжува со рехабилитацијата по незгодната повреда на мускулот, а македонскиот интернационалец не е „фит“ за да може да настапи на утрешниот натпревар од Евролигата против својот поранешен клуб Црвена звезда. Тренерот Жељко Обрадовиќ се надеваше дека Македонецот ќе може да се рехабилитира навреме за да настапи најмалку десетина минути против „црвено-белите“, но последните лекарски прегледи покажаа дека сепак ќе треба да мине уште малку време за Антиќ да го има својот камбек на терените.

Перо Антиќ и Костас Слукас продолжуваат да работат под посебен режим. Тие нема да можат да настапат на претстојниот натпревар против Црвена звезда“ – беше објавено денеска на официјалната веб-страница на Фенербахче.

Македонскиот интернационалец се повреди за време на натпреварот со Цедевита одигран кон крајот на јануари. Иако првичните прогнози беа дека тој ќе отсуствува три седмици, веќе е јасно дека рехабилитацијата се одвива побавно од очекувањата, па Антиќ се уште не му е на располагање на тренерот Обрадовиќ.