Антиќ не успеа да го запре Кармело Ентони

Тимот на Њујорк никс успеа да слави во пресметката со Атланта хоукс во НБА лига со 111:106.

Њујорк победата ја оствари благодарение на одличниот Кармело Ентони, кој постигна 35 поени против тимот на македонскиот кошаркар Перо Антиќ. Ентони беше незапирлив за Антиќ, кој одигра десет минути за “јастребите” во „Медисон сквер гарден“, успевајќи да реализи пет поени (1/2 за три, 1/1 за два поени), надополнети со еден офанзивен скок.
Лос Анџелес Клиперс го демолираше на гостински терен составот на Вашингтон со 113:97, меч во кој во главна улога беше Крис Пол. Иако најчесто е задолжен за разигрување на соиграчите, овојпат Пол ги превзеде работите во свои раце, и тоа крајно успешно, реализирајќи 38 поени, згора на тоа имајќи и 12 успешни интервенции.
Резултати: Њујорк – Атланта 111:106, Шарлот – ЛА лејкерс 85:88, Вашингтон – ЛА клиперс 97:113, Мајами – Кливленд 114:107, Чикаго – Торонто 77:99, Филаделфија – Портланд 105:139, Далас – Милвоки 106:93, Јута – Сан Антонио 84:100.