Антиќ без поени во дуелот со Сакраменто

Екипата на Атланта ја искористи предноста на домашен терен за триумф над Сакраменто 124:107. Ова по подолг период значи дека “јастребите” врзаа две победи во низа и постигнаа рекордни 124 поени на еден натпревар за тимот на нашиот Перо Антиќ оваа сезона. Македонскиот кошаркар одигра 5 минути и 38 секунди, а имаше еден скок. Кајл Корвер постигна 28 поени и за три поени од 10 обиди успеа да ги погоди осум пати. Во дуелот на двете најдобри екипи од Источната конференција Мајами ја победи Индијана и и го нанесе петтиот пораз.

Резултати:
Мајами – Индијана 97:94,
Орландо – Јута 82:86,
Торонто – Шарлот 102:104 (продолжение),
Атланта – Сакраменто 124:107,
Бостон – Детроит 106:107,
Бруклин – Вашингтон 107:113,
Милвоки – Њујорк 101:107 (две продолженија),
Минесота – Портланд 120:109,
Далас – Мемфис 105:91,
Феникс – Сан Антонио 101:108,
Хјустон – Чикаго 109:94 и
Лос Анџелес Клиперс – Њу Орлеанс 108:95.

Пласман Источна конференција:
Индијана 20-5 (победи-порази),
Мајами 19-6,
Атланта 14-12,
Детроит 13-14,
Шарлот 12-14,
Вашингтон 11-13,
Бостон 12-15,…

Пласман западна конференција:
Оклахома Сити 20-4,
Портланд 22-5,
Сан Антонио 20-5,
ЛА Клиперс 18-9,
Хјустон 17-9,
Далас 15-10,
Феникс 14-10,
Денвер 14-10,…