Спорт

Антиќ двоцифрен во поразот на Атланта од Гoлден Стејт

Антиќ двоцифрен во поразот на Атланта од Гoлден Стејт

Македонскиот кошаркар Перо Антиќ, повторно постигна двоцифрен број поени за Атланта на дуелот против Голден Стејт, што неговиот тим го загуби со 111:97.

Антиќ за 17 минути на паркетот постигна 10 поени, два скока и една асистенција. Најдобар во триумфот на Голден Стејт беше Дејвид Ли со 18 постигнати поени.

Вечерта ја одбележаа кошаркарите на Денвер, кои уфрлија 134 поени против Лејкерси, а само Тај Лосон и Кенет Фарид постигнаа 62 поени. Одличен дабл-дабл ефект имаа Олдриџ, Дејвис, Лав и Вокер.

Резултати: Њу Орлеанс – Милвоки 112:104, Минесота – Детроит 114:101, Њујорк -Јута 108:81, Бостон – Бруклин 91:84, Торонто – Сакраменто 99:87, Шарлот – Кливленд 101:92, Чикаго – Мемфис 77:85, Далас – Портланд 103:98, Денвер – ЛА Лејкерс 134:126, Хјустон – Индијана 112:86, Голден стејт – Атланта 111:97