Антиќ е повторно главна “фаца” во Атланта

Перо Антиќ полека но сигурно станува една од главните фигури во Атланта, а се зголемува и неговата популарност ширум САД. Благодарение на одличната игра во неговиот кошаркарски тим, постојано сме сведоци на интересни објави, видеа и интервјуа со Перо и неговите соиграчи.

Сега, официјалната интернет страница на овој клуб објави интересна статија во која на смешен начин се опишуваат 9-те работи кои треба да ги знаеме за Антиќ.

Ви ги пренесуваме во целост, секако преведени на македонски.

1.Перо е роден во Скопје, во поранешна Југославија, сега Република Македонија и е првиот Македонец кој игра за НБА.

1pe.jpg500

2.Перо има слабост кон слатките и вели дека „се што е чоколадно“ му е омилено.

2pe.jpg500

3.Перо има две кучиња, пинчот Ахил и чивавата Зара.

3pe.jpg500

4.Перо би бил одличен „додаток“ на екипата на неговата омилена телевиска серија „Пријатели“.

pe.jpg500

5.Најомилен филм за сите времиња му е „Кум“.

5pe.jpg500

6.Омилена кујна му е италијанската, а особено ја обожува пицата

6pe.jpg500

7. Перо течно зборува грчки, руски, српски и бугарски и секако неговиот македонски и англиски.

7pe.jpg500

8.Идол и човек на кого најмногу се огледува му е вечниот Мајкл Џордан

8pe.jpg500

9.Ако Перо не би бил кошаркар, тогаш ќе се тркал со автомобили. Всушност, тој е колекционер на автомобили и наведува дека Форд Мустанг е автомобил без кој не може да живее.

9pe.jpg500

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.