Антиќ: Енергетскиот систем е подготвен за секакво сценарио

Гасна криза и се заканува на цела Европа, а енергетскиот систем во Србија, поради поплавите е дополнително оптоварен. И покрај тешкотиите, граѓаните не треба да се гружат, бидејќи државата е подготвена на секое можно сценарио кое може да се случи во текот на зимата, кога станува збор за снабдувањето со електрична енергија, порачува српскиот министер за енергетика, Александар Антиќ.

Енергетските компании од поплавите извлекоа поука, па со поддршка на Владата на Србија, преземаат мерки како да го одржат енергесткиот систем стабилен во случај на гасна криза.

Складот „Батански Двор“ е полн, а ресорниот министер вели дека со партнерите од Европаската Унија, покрај увозот на струја, се разгледува можноста за увоз на јаглен, но пред се дополнителни количини на гас.

„На мојата маса се планови и сценарија за секоја ситуација. Кога станува збор за струјата, рестрикцијата не е опција, а кога се во прашање останатите енергенси, граѓаните и приоритетните потрошувачи немаат потреба да се грижат“, додава министерот Антиќ.

В.д. генералниот директор на ЕПС, Александар Обрадовиќ истакнува дека во моментов се работи ан т.н. „стрес тест“.

„Ја гледаме општата енергетска стабилност на Србија и разговараме за тоа што ќе се прави во случај ако дојде до гасна криза. Исто така, ги согледуваме и можностите ако повторно се случи елементарна непогода, па договорите кои сме ги потпишале за увоз доколку станат ништовни и како ние како компанијата можеме брзо да реагираме во случај на катастрофално сценарио“, вели Обрадовиќ.

Сите активности се насочени кон оспособување на најголемиот колубарски рудник „Тамнав-запад“.

Потврдено е и дека ЕПС преговара со меѓународните институции за финансиска поддршка од 150 до 200 милиони евра од кредити и донации.