Антиќ го одигра наефикасниот натпревар во НБА

Македонскиот кошаркар Перо Антиќ ја одигра најефикасната партија сезонава во дресот на Атланта во победата против ЛА Клиперс со 107:98.

Екипата на Атланта победи на 19 од последните 21 натпревар, а македонскиот центар Перо Антиќ имаше значајна улога во победата на „Јастребите“ против Клиперси. Тој на теренот мина 18 минути, а за тој период успеа да постигне рекордни за него сезонава 13 поени и да додаде две асистенции.

Пол Милсеп со 23 поени и 8 скокови беше најдобар во таборот на Атланта, Џеф Тиг имаше 20 поени, додека Демар Керол забележа 17.

Кај Клиперси најдобар беше Блејк Грифин со 26 поени, 10 скокови и 6 асистенции, Деандре Џордан беше одличен со 15 поени и 16 скокови, а Крис Пол имаше 10 поени, 10 асистенции и 6 скокови.