Антиќ и Атланта продолжуваат со победите

Најдобрата екипа на Истокот, Атланта забележа нова победа откако славеше против Милвоки со 97:86 на гостински терен.

Ова за „Јастребите“ беше 44 сезонска победа, наспроти 12-те порази и секако остануваат на првото место во Источната конференција.

Пол Милсап повторно забележа одлична партија и натпреварот го заврши со дабл-дабл учинок од 23 поени и 16 скокови. Македонскиот центар Перо Антиќ одигра нешто повеќе од 12 минути и за тој период успеа да постигне само три поени и тоа од линијата за слободни фрлања, но запиша уште три скокови и една асистенција.

Во дуелот на поранешните НБА шампиони ЛА Лејкерс оствари победа на домашен терен против совлада Бостон со 118:111.

Десеттиот пораз го претрпе и Голден Стејт кој загуби на гостувањето кај Индијана со 104:98,  но „Вориорси“ остана екипата со најдобар скор.

Резултати: Њујорк – Кливленд 83:101, Милвоки – Атланта 86:97, Детроит – Вашингтон 106:89, Индијана – Голден Стејт 104:98, Орландо – Филаделфија 103:98, Оклахома Сити – Денвер 119:94, Далас – Шарлот 92:81 и Портланд – Мемфис 92:98.