Спорт

Антиќ и Фенербахче со одлична увертира пред натпреварите од Евролига

Антиќ и Фенербахче со одлична увертира пред натпреварите од Евролига
Одлична увертира пред новата сезона од Евролига за Антиќ и Фенербахче

Фенербахче го освои првото место на турнирот во Задар (Хрватска), откако во финалето убедливо го совлада Баерн Минхен со резултат 76:55.

Македонскиот интернационалец Перо Антиќ не настапи во натпреварот поради повреда на раката која ја заработи на дуелот со Црвена Звезда.

Нашиот играч играше во првите два меча на турнирот, придонесе со 10, а потоа со 11 поени во победите над Дарушафака и Црвена Звезда.