Антиќ и Сефолоша: Не сме виновни

Перо Антиќ и Табо Сефолоша преку заедничко соопштение се извинија на јавноста за последните случувања во Њујорк, но потенцираат дека не се виновни за ништо.

Единстевниот македонски кошаркар во НБА лигата и неговиот соиграч во Атланта Хокс, и отфрлија обвинувањата против нив по инцидентот во ноќен клуб во Њујорк по кој беа притворени и неколку часа држени во полициска станица по што беа пуштени на слобода.

“Како членови на Атланта, имаме високи стандардни на однесување и нашата улога во професионалниот тим ја сфаќаме сериозно. Ќе сториме се за да докажеме дека не сме направиле ништо лошо. Им се извинуваме на семејствата, соиграчите и на сите останати од таборот на Хокс за негативниот публицитет што им го донесе овој инцидент. Повеќе од ова не смееме да коментираме додека трае процесот против нас”, пишува во заедничкото соопштение до јавноста на Антиќ и на Сефолоша.

Двајцата кошаркари беа обвинети за попречување на полицајците при истражувањето на местото на кое претходно со нож беше прободен Крис Коупленд од Индијана Пејсерс.

Поддршка за нив упати и тренерот на Атланта, Мајк Баденхолцер кој поради инцидентот, сепак ги изостави од мечот против екипата на Бруклин.