Антиќ ја пропушти првата меч топка за полуфинале

Македонскиот кошаркар Перо Антиќ и Атланта ја пропушти првата меч топка за пласман во полуфинале на Истокот, откако пред своите навивачи загубија од Индијана во шестиот натпревар од НБА плејоф серијата со 95:88 по што “пејсерси” израмнија на 3:3 во победи.

На три минути до крајот на наттпреварот Атланта, имаше предност од 84:79, но во финишот Индијана реализираше извонредна серија од 16:4 по што се избори за мајсторка на свој терен која ќе одлучи за патникот во следната рунда натпревари.

Антиќ за нешто повеќе од 27 минути игра натпреварот го заврши со 5 поени, 6 скока и една асистенција, а Џеф Тиг заврши со 29 поени.Во тимот на Индијана одлично беше триото Џорџ – Вест – Стивенсон со вкупно 69 поени, од кои Џорџ и Вест по 24 поени, а Стивенсон дополни со 21 поен.

Оклахома сити исто така се избори за седми натпревар, израмнувајќи во серијата на 3:3 со Мемфис, откако победи со 104:84.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.