Антиќ ја растури магијатa на Орландо

Македонскиот кошаркар Перо Антиќ беше најзаслужен за победата на својата Атланта над Орландо Меџик со 112:109 во НБА лигата ,остварувајќи „дабл-дабл“ учинок од 10 поени и 12 скока.

Антиќ беше херојот на победата на Атланта откако во последните 22 секунди на дуелот реализираше четири слободни фрлања со кои неговиот тим дојде до триумфот.

Нашиот кошаркар беше единствениот во својот тим со „дабл-дабл“ ефект од 10 поени (1/6 за три и 1/3 за два поени, плус 5/6 од линијата за слободни фрлања) и 12 скока, а имаше и една асистенција.

Пол Милсап беше најефикасен кај Атланта со 24 поени, а Џеф Тиг имаше 23 поени. По овој триумф Атланта повторно се врати на третото место во Источната конференција.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.