Антиќ на радарот на Фенербахче

Македонскиот кошаркар Перо Антиќ е прв на листата на желби на турскиот гигант Фенербахче кој сака да изгради “дрим-тим” во наредната сезона и повторно да се врати на врвот на турската кошарка.

Македонскиот крилен центар моментално е дел од Атланта, но е рестриктивен слободен агент затоа што неговиот договор истекува на 1 јули и сѐ уште нема информации од клубот дали ќе биде продолжен. “Јастребите” имаат опција да го задржат во своите редови со изедначување на секоја друга понуда која ќе стигне на негова адреса. Како што тврди “Спортандо”, Антиќ е прв на списокот на Жељко Обрадовиќ, заедно со Боби Диксон кој е еден од “најзаслужните” зошто Фенербахче не ја освои титулата во турското првенство.

Ако направи трансфер во Истанбул, за Антиќ тоа ќе биде прва авантура во Турција. Претходно, 32-годишниот кошаркар го носеше дресот на Работнички (Македонија), АЕК (Грција), Ц.Звезда (Србија), Кубан (Русија), Академик (Бугарија), Санкт Петербург (Русија) и Олимпијакос (Грција).

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.