Антиќ најзаслужен за петтата победа во низа на Атланта

Македонскиот кошаркар Перо Антиќ ја забележа и петтата победа во низа во НБА лига. Тој со својата Атланта триумфираше по продолжението против Торонто со 118:113. За 29 минути на паркетот Антиќ, постигна 8 поени дополнети со четири скока.

Тој на четири минути пред крајот погоди за три поени, постигнувајќи ги првите поени во продолжението, со кои во тие моменти Атланта поведе со 109:106. Најдобар во редовите на јастребите беше Пол Милсап кој стигна до својот прв „трипл-дабл“ во кариерата, од 19 поени, 13 скока и 10 асистенции.

КралотЛеброн Џејмс i најголема ѕвезда во тимот на шампионот Мајами,уште во првиот период против Кливленд, постигна 25 поени, а натпреварот го заврши со 43поени, 6 скока, 4 асистенции и 3 блокади. Го следеше Крис Бош со 21 поен, додека 14 поени дополни Реј Ален.

Резултати: Кливленд -Мајами 96:100, Атланта – Торонто 118:113, Портланд – Милвоки 120:115(пр), Сакраменто – Вашингтон 117:111(пр), Голден Стејт – Орландо 103:89.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.