Антиќ одличен, Атланта поразена од Феникс

Македонскиот кошаркар Перо Антиќ повторно беше најдобар скокач во редовите на Атланта која загуби од Феникс со 105:92. За 25 минути Антиќ дуелот го заврши со осум скока, а имаше и пет поени и две асистенции.

Актуелниот шампион Мајами славеше над Портланд со 93:91, додека Оклахома лесно излезе на крај со Денвер.

Леброн Џејмс беше најдобар кај Мајами постигнувајќи 32 поени вклучувајќи ги и поените на 11 секунди пред крајот. Крис Бош го прослави својот 30-ти роденден со блокадата на Лилард во последната минута кој имаше можност да израмни и мечот да го однесе кон продолжение. Бош мечот го заврши со 15 поени, Андерсон дополни 13 поени со 11 скока, а Чалмерс заврши со 11 поени.

Резултати: Шарлот – Хјустон 89:100, Атланта – Феникс 92:105, Мајами – Портланд 93:91, Чикаго – Индијана 89:77, Мемфис – Минесота 109:92, Њу Орлеанс – Бруклин 109:104(пр), Оклахома – Денвер 117:96, Сан Антонио – Филаделфија 113:91, Јута – Детроит 94:114, ЛА Клиперс – Милвоки 106:98.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.