Спорт

Антиќ останува во Атланта уште една година

Антиќ останува во Атланта уште една година

Првиот Македонец во НБА лигата, Перо Антиќ и следната сезона ќе настапува за Атланта, потврдија од клубот. Антиќ со Атланта имаше договор на една плус една година, односно втората година не му беше загарантира, но добрите игри беа препорака клубот да го задржи и за сезоната 2014/15.

Атланта не ја искористи клаузулата за раскин на договорот, туку напротив, втората година од тој договор да стане „загарантирана“, со што Македонецот и дефинитивно ќе го продолжи својот престој во најсилната кошаркарска лига во светот.

Крилниот центар ќе има годишна плата од 1,25 милиони долари. Учинокот на Антиќ во 50.те настапи од дебитантската сезона (2013/14) во НБА лигата е од седум поени, 4,2 скокови и 1,2 асистенции за 18,5 минути по натпревар.