Антиќ промаши тројка за продолжение, Индијана израмни на 2:2

Кошаркарите на Индијана пејсерс израмни во плејоф серијата против Атланта нан ашиот Перо Антиќ на 2:2 во победи, откако славеа н гости со 91:88.

Атланта доби шанса за израмнување во последните седум секунди од мечот, откако Пол Џорџ претходно не реализираше две слободни фрлања. Антиќ ја доби топката и шутираше за тројка, но не успеа да погоди, па на крајот Индијана и се радуваше на победата.

Пол Џорџ со 24 поени и Дејвид Вест со 18 поени ги предводеа гостите до големиот триумф. Антиќ на овој меч за 25 минути постигна два поени и два офанзивни скока. Пол Милсап со 29 кошеви беше најефикасен во редовите на Атланта хоукс.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.