Антиќ се повреди и ќе паузира четири недели

Македонскиот кошаркар Перо Антиќ во редовитена Атланта ќе паузира од две до четири недели поради скршеница на глуждот на десната нога.

Челницитена „јастребите“ соопштија дека првиот македонски кошаркар во НБА лига го извртел глуждот на натпреварот против Бруклин Нетс минатата недела во Лондон, но рентгентската снимка по мечот била негативна и затоа ги одиграл следните две средби.

На последната против Орландо Меџик го забележа својот прв дабл-дабл во најсилната кошаркарска лига во светот и реализира четири слободни фрлања во финишот, донесувајќи им победа на „јастребите“.

Меѓутоа новиот преглед покажавлошување на повредата.Магнетната резонанца и прегледот направен денеска од д-р Ешок Реди на Ортопедската клиника во Атланта утврдиле мала фрактура на зглобот и ногата му е имобилизирана.
Антиќ беше стартер на осум од 12. натпревари на Атланта по повредата на ол-стар центарот Ал Хорфорд, за кого сезоната е завршена. Антиќ во наредните четири недели ќе биде заменет со Елтон Бренд, кој беше стартер во првите три меча по повредата на Хорфорд.