Антиќ се врати на терените

Македонскиот кошаркар Перо Антиќ се врати на терените, откако ја пропушти досегашната подготвителна фаза поради повреда на носот.

Антиќ натпреварот го играше со заштитна маска, и беше еден од најзаслужните за триумфот на Атланта од 109-103 на гостински терен против Мајами.

Атланта имаше негатива и од 15 поени, но откако македонскиот центар влезе во игра и за само 11 минути постигна 9 поени , работите се сменија. Пол Милсап беше најдобар кај Атланта со 23 поени, додека на спротивната страна Крис Бош имаше 22 поени, а Двејн Вејд – 16 поени.