Антиќ со дабл -дабл против Шарлот

Македонскиот кошаркар Перо Антиќ продолжи со одличната игра во НБА лигата. Тој оствари дабл-дабл учинок на натпреварот против Шарлот, кој неговиот тим Атланта го доби со 97:93.

Антиќ 27 минути на паркетот реализираше 11 поени и10 скокови (8 дефанзивни), како и две асистенции. По овој триумф Атланта сега имаскор од 30 победи и 35 порази. Најефикасен во триумфот над Шарлот беше Пол Милсап со 28 поени, додека11 кошеви постигна Џеф Тиг.

Резултати: Шарлот – Атланта 93:97, Индијана – Филаделфија 99:90, Бруклин – Феникс 108:95, Чикаго – Оклахома 85:97, Хјустон – Јута 124:86, Далас – Бостон 94:89, Денвер – ЛА Клиперс 110:100.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.