Антиќ со дабл – дабл против Вашингтон

Македонски кошаркар Перо Антиќ, го забележа и својот втор дабл-дабл ефект во НБА лигата, но неговата Атланта не успеа да го избегне шестиот пораз во низа, овој пат од Вашингтон со 107:97
Антиќ по враќањето на паркетот по малате повреда на скочниот зглоб за неполни 26 минути на паркетот, постигна 13 поени, 12 скока и една асистенција.
Џон Вол со 25 поени беше најефикасен кај Вашингтон, додека кај Атланта Џеф Таг заврши со 19.
Резултати: Филаделфија – Детроит 123:98, Хјустон – ЛА Клиперс 108:117, Вашингтон – Атланта 101:97, Далас – Сакраменто 103:100, Милвоки – Мајами 67:88, Сан Антонио – Њу Орлеанс 96:80

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.