Антиќ со десет поени за Атланта на дуелот со Портланд

По неколкумесечната пауза поради повредата на скочниот зглоб македонскиот кошаркар Перо Антиќ, се врати на НБА паркетот на дуел за неговата Атланта против Портланд.

Антиќ имаше одличен ефект по враќањето на терените со забележани 10 поени и четири скока за нешто повеќе од 16 минути на паркетот, но неговиот состав убедливо со 102:78 загуби на гостувањето од Портланд.

Резултати: Шарлот – Индијана 109:87, Орландо – Хјустон 89:101, Вашингтон – Јута 104:91, Бостон – Голден стејт 88:108, Бруклин – Мемфис 103:94, Детроит- Чикаго 94:105, Денвер – Далас 115:110, Милвоки – Сакраменто 102:117, Минесота – Њујорк Никс 106:118, Портланд – Атланта 102:78

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.